ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 2 (двајца) теренски истражувачи / анкетари
Центар за ромска заедница ДРОМ – Куманово, во рамките на имплементацијата на проектот „Од вештина до бизнис – Зајакнување на жените Ромки преку социјално претприемништво“, финансиски поддржан во рамките на грантовата шема на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – Романсе“ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Ромскиот Ресурсен Центар – Скопје, Иницијатива на жените од Шуто Оризари, Symplexis и Diesis Network, објавува јавен повик за ангажирање на 2 (двајца) теренски истражувачи (анкетари).
1. Опис на ангажманот и главни задачи:
Избраните теренски истражувачи ќе работат во директна координација со проектниот тим и ќе бидат одговорни за следните активности:
• Спроведување на теренско истражување и анкетирање на 200 млади жени Ромки (на возраст од 18 до 29 години) на територијата на Општина Куманово.
• Спроведување на полуструктурирани интервјуа/прашалници со 10 локални компании во Куманово за мапирање на дефицитарните занимања.
• Редовно известување до Проектниот асистент и Проектниот менаџер за напредокот на теренските активности.
• Изготвување на тајмшит.
2. Потребни квалификации:
• Минимум завршено средно образование.• Претходно искуство во спроведување на теренски анкети, истражувања или работа во заедницата (се смета за предност).
• Одлични комуникациски вештини и способност за воспоставување доверба со целната група.
• Познавање на локалниот контекст и спецификите на ромската заедница во Општина Куманово.
3. Времетраење :
• Ангажманот е со предвидено времетраење во текот на месец август.
4. Начин на аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да достават кратка биографија (CV) со нагласено искуство (доколку имаат) во слични активности.
Апликациите се доставуваат по електронски пат на е-пошта: info@drom.org.mk со назнака: „Апликација за теренски истражувач“.
Рок за аплицирање: 26.07.2026 година, најдоцна до 16:00 часот.