ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТ
За подготовка на:
Стратегија за родова еднаквост и инклузија на маргинализирани целни групи на Општина Куманово (2026 – 2030) и
Стратегија за млади на Општина Куманово (2026 – 2030)
Ц.Р.З ‘ДРОМ’ објавува повик за ангажирање на стручен и компетентен консултант за подготовка на два стратешки документи кои ќе обезбедат систематски пристап во решавањето на актуелните социјални и младински предизвици, поттикнување на инклузијата и создавање на поволни услови за локален развој.
I. Фази на реализација
1. Ангажирање на реализатор – Стручен и компетентен консултант
Потпишување на договор за соработка.
Регулирање на административно-технички процедури.
2. Констатирање на состојбите од аспект на проблеми, потреби и приоритети
Канцелариско истражување.
Интервјуа со релевантни институции и лица.
Формирање на 2 ад-хок стручни работни групи.
Организирање на работилници (една за млади и една за родова еднаквост и маргинализирани групи).
Интегрирање на наодите во нацрт-документ.
3. Поставување на стратешки насоки (Визија, Цели, Очекувани резултати)
Консултации со релевантни чинители (Општина, граѓански организации, локални институции).
Вградување на наодите во документот.
4. Подготовка на план за делување / акција
Изработка на првични нацрт-планови за акција.
Консултации со релевантни чинители.
5. Подготовка на два нацрт-стратешки документи
Канцелариска работа и систематизирање на материјалот.
6. Презентација на двата нацрти пред советниците, работните групи и јавноста
Организирање на 2 јавни работилници.
Подготовка на документ со вклучени коментари.
Објава на нацрт-стратегиите на интернет страната на Општината за јавна дискусија.
II. Очекувани резултати
Стратегија за родова еднаквост и инклузија на маргинализирани целни групи на Општина Куманово (2025 – 2029).
Стратегија за млади на Општина Куманово (2025 – 2029).
Промоција на двата документа преку интернет страната на Ц.Р.З’ДРОМ’ и Општина Куманово и конференција со советници и медиуми.
III. Услови за аплицирање
Рок за аплицирање: најдоцна до 03.09.2025 година.
Начин на аплицирање: доставување на електронски апликации (CV, мотивациско писмо, релевантни референци) на е-пошта: info@drom.org.mk
со назнака „Апликација за консултант“.
Критериуми за избор:
Најмалку 5 години искуство во подготовка на стратешки документи;
Познавање на локалниот контекст и искуство во работа со институции и граѓански организации;
Искусство во работа со млади, родова еднаквост и маргинализирани групи ќе се смета за предност.
Процес на селекција: разгледување на апликациите од страна на Комисија формирана од Општина Куманово, по што избраните кандидати ќе бидат поканети на разговор.
Времетраење на ангажманот: период од 4 месеци, согласно динамиката на активностите предвидени во повикот.
Потребно образование и работни компетенции на консултантот
-Образование – магистратура по општествените науки;
– најмалку 8 години професионално искуство;
– работа на национални, општински или организациски стратегии.
Локација и времетраење
Имплементација на Стратегија за родова еднаквост и инклузија на маргинализирани целни групи на Општина Куманово (2025 – 2029) и Стратегија за млади на Општина Куманово (2025 – 2029) започнува веднаш по изборот на консултантот и е превидено до крајот на декември да се завршат и двата стратешки документи.
Сите настани ќе се одвиват во Куманово.
Јавниот повик важи пет работни дена од денот на објава на повикот .
Критериуми за избор:
Квалификации и вештини: 30 поени;
Општо професионално искуство: 30 поени;
Специфично професионално искуство: 40 поени.
Изборот на консултант согласно наведените критериуми ќе се врши од страна на Комисија за избор на консултант за Стратегија за родова еднаквост и инклузија на маргинализирани целни групи на Општина Куманово (2025 – 2029) и
Стратегија за млади на Општина Куманово (2025 – 2029) , формирана од страна на Ц.Р.З ‘ДРОМ’-Куманово .
Лицата кои ќе аплицираат сите потребни документи можете да ги доставите на слдниот линк: info@drom.org.mk или во затворено плико со ознака да не се отвара и да се назначи повикот за кој аплицираат. Пликото да се достави на следна адреса Локалитет Серава 5/7а , 1300 Куманово .
Контакт лицe:
Рамо Демир Рушидовски
075 650 688.