ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на Модератор за три дебати со млади средношколци
Центарот за Ромска Заедница ДРОМ – Куманово, во рамки на проектот „Младите во борба против корупција“ финансиран од Граѓанскиот ресурсен центар, објавува јавен повик за ангажирање на еден (1) модератор за потребите на организирање на три јавни дебати на тема корупција и антикорупциски иницијативи на млади.
Опис на ангажманот:
Ангажираното лице ќе модерира три јавни дебати.
-Две дебати во Куманово
-Една дебата во Штип
На дебатите ќе учествуваат средношколци и граѓани, кои ќе дебатираат на теми поврзани со корупцијата, нејзините форми, последици и антикорупциски иницијативи од млади луѓе.
Одговорности на модераторот:
Подготовка на кратка агенда и воведна сесија за дебатата.Водење на дебатите со почитување на времето и учесниците.Поттикнување вклучување на сите учесници и одржување конструктивна атмосфера.Наративен извештај по завршување на секоја дебата и timesheet.
Потребни квалификации:
Искуство со модерирање јавни настани, работилници или дебати. Познавање на темите поврзани со корупција и граѓанско учествоКомуникациски и организациски вештини. Работно познавање на македонски јазик.
Аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:Кратка биографија (CV). Примери од претходни слични ангажмани (доколку има).
Контакт информации:
Апликациите да се испратат најдоцна до: 09.05.2025 , на е-пошта: info@drom.org.mk , со назнака: „Пријава за модератор“. За повеќе информации, можете да не контактирате на телефон: 075 969 675 е-маил: info@drom.org.mk