ПОВТОРЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА КОНСУЛТАНТ

Published by admin on

За подготовка на:

Стратегија за социјална заштита на Општина Куманово (2026-2030) и

Стратегија за млади на Општина Куманово (2026 – 2030)

Ц.Р.З ‘ДРОМ’ објавува повик за ангажирање на стручен и компетентен консултант за подготовка на два стратешки документи кои ќе обезбедат систематски пристап во решавањето на актуелните социјални и младински предизвици, поттикнување на инклузијата и создавање на поволни услови за локален развој.

I. Фази на реализација

1. Ангажирање на реализатор – Стручен и компетентен консултант

Потпишување на договор за соработка.

Регулирање на административно-технички процедури.

2. Констатирање на состојбите од аспект на проблеми, потреби и приоритети

Канцелариско истражување.

Интервјуа со релевантни институции и лица.

Формирање на 2 ад-хок стручни работни групи.

Организирање на работилници (една за млади и една за социјална заштита).

Интегрирање на наодите во нацрт-документ.

3. Поставување на стратешки насоки (Визија, Цели, Очекувани резултати)

Консултации со релевантни чинители (Општина, граѓански организации, локални институции).

Вградување на наодите во документот.

4. Подготовка на план за делување / акција

Изработка на првични нацрт-планови за акција.

Консултации со релевантни чинители.

5. Подготовка на два нацрт-стратешки документи

Канцелариска работа и систематизирање на материјалот.

6. Презентација на двата нацрти пред советниците, работните групи и јавноста

Организирање на 2 јавни работилници.

Подготовка на документ со вклучени коментари.

Објава на нацрт-стратегиите на интернет страната на Општината за јавна дискусија.

II. Очекувани резултати

Стратегија за социјална заштита на Општина Куманово (2026-2030).

Стратегија за млади на Општина Куманово (2026 – 2030).

Промоција на двата документа преку интернет страната на Ц.Р.З’ДРОМ’ и Општина Куманово  и конференција со советници и  медиуми.

III. Услови за аплицирање

Рок за аплицирање: најдоцна до 09.09.2025 година.

Начин на аплицирање: доставување на електронски апликации (CV, мотивациско писмо, релевантни референци) на е-пошта: info@drom.org.mk

 со назнака „Апликација за консултант“.

Критериуми за избор:

Најмалку 5 години искуство во подготовка на стратешки документи;

Познавање на локалниот контекст и искуство во работа со институции и граѓански организации;

Искуство во работа со млади, социјална заштита и маргинализирани групи ќе се смета за предност.

Процес на селекција: разгледување на апликациите од страна на Комисија формирана од Општина Куманово, по што избраните кандидати ќе бидат поканети на разговор.

Времетраење на ангажманот: период од 4 месеци, согласно динамиката на активностите предвидени во повикот.

Потребно образование и работни компетенции на консултантот

-Образование – магистратура  по општествените науки;

– најмалку 8 години професионално искуство;

– работа на национални, општински или организациски стратегии.

Локација и времетраење

Имплементација на Стратегија за социјална заштита на Општина Куманово (2026-2030) и Стратегија за млади на Општина Куманово (2026 – 2030)  започнува веднаш по изборот на консултантот и е превидено до крајот на декември да се завршат и двата  стратешки документи.

 Сите настани ќе се одвиват во Куманово.

Јавниот повик важи пет работни дена од денот на објава на повикот .

Критериуми за избор:

Квалификации и вештини: 30 поени;

Општо професионално искуство: 30 поени;

Специфично професионално искуство: 40 поени.

Изборот на консултант согласно наведените критериуми ќе се врши од страна на Комисија за избор на консултант за Стратегија за социјална заштита на Општина Куманово (2026-2030) и Стратегија за млади на Општина Куманово (2026 – 2030) , формирана од страна на Ц.Р.З ‘ДРОМ’-Куманово .

Лицата кои ќе аплицираат сите потребни документи можете да ги доставите на слдниот емаил:  info@drom.org.mk или   во затворено плико со ознака да не се отвара и да се назначи повикот за кој аплицираат. Пликото  да се достави на следна адреса: Локалитет Серава 5/7а , 1300 Куманово .

Контакт лице:

Рамо Демир Рушидовски

075 650 688.

Categories: Uncategorized