ЈАВЕН ПОВИК

Published by admin on

за индивидуални новинари и медиумиза медиумска презентација на проектот„Младите во борба против корупција“Центар за ромска заедница – ДРОМ, во рамки на проектот „Младите во борба против корупција“, кој е поддржан од Граѓанскиот ресурсен центар како дел од проектот „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, објавува јавен повик за соработка со индивидуални новинари и медиуми за медиумска презентација на проектните активности.

Цел на повикот:Ангажирање на индивидуални новинари и/или медиуми кои ќе изготват и објават медиумски производ (текст, прилог, интервју или видео содржина) поврзан со активностите, целите и резултатите на проектот „Младите во борба против корупција“.

Кој може да аплицира:Акредитирани новинари и новинарки со искуство во теми од областа на граѓанско учество, човекови права, антикорупција и/или младински активизам

Печатени, електронски или онлајн медиуми со релевантно покривање на општествени теми

Потребни документи:Кратка биографија или медиумски профил

Понуда со цена

Краен рок за аплицирање:🗓 02.09.2025

Начин на аплицирање:Апликациите да се испратат по електронски пат на следната е-пошта:📧 info@drom.org.mk

Напомена:Центар за ромска заедница – ДРОМ го задржува правото да изврши селекција врз основа на квалитетот и релевантноста на понудените концепти.За сите прашања поврзани со јавниот повик, слободно контактирајте нè на горенаведената е-пошта.

Со почит,Центар за ромска заедница – ДРОМ

Categories: Uncategorized