ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на Модератор за две дебати со млади средношколци
Центарот за Ромска Заедница ДРОМ – Куманово, во рамки на проектот „Младите во борба против корупција“ финансиран од Граѓанскиот ресурсен центар, објавува јавен повик за ангажирање на еден (1) модератор за потребите на организирање на две јавни дебати на тема корупција и антикорупциски иницијативи на млади.
Опис на ангажманот:
Ангажираното лице ќе модерира две јавни дебати.
- Една дебата во Куманово
- Една дебата во Штип
На дебатите ќе учествуваат средношколци и граѓани, кои ќе дебатираат на теми поврзани со корупцијата, нејзините форми, последици и антикорупциски иницијативи од млади луѓе.
Одговорности на модераторот:
- Подготовка на кратка агенда и воведна сесија за дебатата.
- Водење на дебатите со почитување на времето и учесниците.
- Поттикнување вклучување на сите учесници и одржување конструктивна атмосфера.
- Наративен извештај по завршување на секоја дебата и timesheet.
Потребни квалификации:
- Искуство со модерирање јавни настани, работилници или дебати.
- Познавање на темите поврзани со корупција и граѓанско учество.
- Комуникациски и организациски вештини.
- Работно познавање на македонски јазик.
Аплицирање:
Сите заинтересирани кандидати треба да достават:
- Кратка биографија (CV).
Контакт информации:
Апликациите да се испратат најдоцна до 25.07.2025, на е-пошта: info@drom.org.mk, со назнака: „Пријава за модерато за две работилници“.
За повеќе информации, можете да не контактирате на телефон: 075 650 688
е-пошта: info@drom.org.mk