ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на Аналитичар за анализа на податоци од анкети
Центарот за Ромска Заедница ДРОМ – Куманово во партнерство со Здружение за мултиетничко општество за човекови права-Штип, во рамки на проектот „Младите во борба против корупција“ финансиран од Граѓанскиот ресурсен центар, објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на еден (1) Аналитичар за анализа на податоци од спроведени анкети поврзани со перцепцијата на младите за корупцијата и нивната ангажираност во антикорупциски иницијативи.
Опис на ангажманот:
Ангажираниот експерт ќе биде задолжен за:
Обработка и анализа на податоци од анкети собрани од средношколци;
Креирање табели, графикони и визуелизации на резултатите;
Изготвување на краток извештај со клучни наоди и препораки;
Комуникација со тимот за усогласување на методологијата и презентација на резултатите.
Квалификации и услови:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено образование од областа на информатика, статистика, социологија, криминологија или сродни области;
Искуство со анализа на квантитативни и квалитативни податоци (предност има искуство со анкети);
Познавање на алатки за анализа на податоци (Excel, SPSS, Google Forms, R, или слично);
Познавање на основи на бази на податоци и структурирање на податоци.
Потребни документи за пријавување:
Кратка биографија (CV)
Рок и начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите апликации на е-пошта: zmocp@yahoo.com најдоцна до 05.06.2025 со назнака: „Апликација – аналитичар за анкети“.
Некомплетните и ненавремено поднесените апликации нема да бидат разгледани.
Центар за Ромска Заедница ДРОМ – Куманово го задржува правото да го поништи повикот без дополнително објаснување.