ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на Експерт – Предавач за корупција

Published by admin on

Центарот за Ромска Заедница ДРОМ – Куманово, во рамки на проектот „Младите во борба против корупција“ финансиран од Граѓанскиот ресурсен центар, објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на еден (1) експерт – предавач за спроведување на четири (4) работилници за средношколци на тема корупција, нејзини форми на препознавање и антикорупциски иницијативи на млади.

Опис на ангажманот:
Ангажираниот експерт ќе биде задолжен за:
Подготовка и спроведување на четири (4) работилници за средношколци:
Две (2) работилници во Куманово
Две (2) работилници во Штип
Развивање на едукативни материјали поврзани со темата на работилниците
Поттикнување на дискусија и активна вклученост на младите во антикорупциски иницијативи

Квалификации и услови:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено високо образование од областа на право или политички науки
Искуство во одржување на работилници, обуки или едукативни сесии
Познавање на темата за корупција и антикорупциски мерки
Одлични комуникациски и презентациски вештини

Потребни документи за пријавување:
Кратка биографија (CV)

Рок и начин на пријавување:
Заинтересираните кандидати треба да ги испратат своите апликации на е-пошта: info@drom.org.mk најдоцна до 31.03.2025 со назнака: „Апликација -предавач за корупција“.

Некомплетните и ненавремено поднесените апликации нема да бидат разгледани.

Центар за Ромска Заедница ДРОМ – Куманово го задржува правото да го поништи повикот без дополнително објаснување.