ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГAЖИРАЊЕ НА АНКЕТАРИ

Published by admin on

Центар за Ромска Заедница ДРОМ објавува јавен повик за ангажирање на двајца анкетари (еден за Куманово и еден за Штип) за спроведување на анкета поврзана со перцепцијата и искуствата во однос на корупцијата.

Обврски на анкетарите:Спроведување на теренски анкети согласно утврдена методологија;Почитување на етичките стандарди за доверливост и анонимност на податоците;Навремено доставување на пополнетите анкети.

Квалификации:Завршено средно образование (високо образование се смета за предност);Комуникативност и способност за работа со различни целни групи;Одговорност и прецизност во извршувањето на задачите;Претходно искуство со анкетирање ќе се смета за предност

.Времетраење на ангажманот:Ангажманот е временски ограничен и ќе се реализира според динамиката на анкетирањето.

Начин на аплицирање:Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија (CV) најдоцна до 03.03.2025 на е-пошта: info@drom.org.mk (за Куманово) и zmocp@yahoo.com (за Штип) со назнака “Апликација за анкетар”.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.Центар за Ромска Заедница ДРОМ охрабрува припадници на сите заедници да аплицираат.

Categories: Uncategorized