Инклузивност на деца роми во образовниот процес

284

Во февруари 2018 година ЦРЗ„Дром“ започнува со имплементација на проектот „Инклузивност на деца Роми  во образовниот процес“.Проектот  ќе се реализира во период од девет месеци и е поддржан од Европска унија IPA/2015/382038/002-грантисти се RRC и KMOP. Цел на проектот е да се зголеми бројот на ученици Роми од општина Куманово со завршено основно и средно образование во период 2018-2020 година.Во рамките на проектот ќе се изврши теренско истражување во ромските населби Средорек, Бараки, Стари Лозја  и Бавчи како и во централното градско подрачје каде што живее ромско население за да утврди бројот на деца Роми на возраст од 6-16 години кои не се вклучени во образовниот процес.Цел на ова истражување ќе биде да се утврдат причините за исклученост од образование  како и да се поттикнат  и мотивираат за вклучување во образовниот процес. Ќе се воспостави линк со надлежните локални институции кои ќе можат да допринесат за решавање на овој проблем. Ќе се изготви документ policy paper кој ќе даде комплетна слика за состојбата и ќе се дадат насоки за подобрување на истата.На крајот на проектот ќе се изврши јавна презентација на проектот на која ќе бидат присутни и медиуми.