„Одржливи модели за вработување на Ромите (ОМВ)“

463

Проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите (ОМВ)“ се имплементира согласно Grant Contract (EuropeAid/136315/ID/ACT/MK) склучен на ден 26.12.2016 година помеѓу: Министерството за финансии – Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД), како договорен орган, Хабитат Македонија како координатор на проектот,ЗБК Креација – Скопје, како партнер на проектот и ЦРЗ ДРОМ – Куманово, како партнер на проектот.
Општата цел на проектот е да придонесе кон одржливо интегрирање на Ромите на пазарот на трудот, преку подобрување на нивните вештини за вработување во градежниот сектор, секторот за домување и енергетска ефикасност.

Главната цел на проектот е зголемување на потенцијалот за вработување на ромската популација, обезбедувајќи соодветни и пазарно вреднувани индивидуални способности (знаење, вештини, мотивација) и олеснување на пристапот до пазарот на труд преку креирање на т.н. „мрежа за вработување“ која ќе ги поврзе градежните компании и потенцијалните работници Роми.
Споменатите цели на проектот ќе се реализираат преку:
збир на активности кои ќе ги зајакнат капацитетите за градежни вештини, со заокружен процес на соодветна сертификација;
збир на активности со кои ќе се зголеми мотивацијата и ќе се поттикне вработувањето, особено кај жените Ромки;
збир на активности со кои ќе се воспостави мрежа за вработување на Ромите.

Проектот ќе се спроведува во тек на 12 месеци.

Во наредниот период ке се реализира Обуката која вклучува теоретска и практична обука за ѕидарство, гипсарски работи, фасадерски работи, вградување на прозорци и врати. Обуката ќе вклучи 80 Роми и ќе трае 7 дена.