Награди

Ц.Р.З. “ДРОМ” со проектот “Изработка на Акциони Планови на локално ниво за општина Куманово зема учество на конкурсот за најдобри проектни остварувања за инклузија на Ромите организиран од страна на Советот на Европа од кампањата – “Доста е!”
На конкурсот земаа учество повеќе земји од Југоисточна Европа со резултати од реализирани проекти.
Првото место на конкурсот го освои НВО “YWCA” од Р. Албанија со 27 поени, второто место припадна на Ц.Р.З. “ДРОМ” од Р. Македонија со 26 поени, а третото на НВО “ALFA” од Босна и Херцеговина.


По повод празникот “11 –ти Ноември”, денот кога е ослободен градот Куманово секоја година се доделува Ноемвриска награда за најзаслужен граѓанин, фирми и здруженија кои допринеле позитивни резултати за градот од најразлична област.
Оваа година покрај Ноемвриската награда градоначалникот на Куманово, Г-дин Зоран Дамјановски додели признанија и благодарници за посебни заслуги за истакнати личности и здруженија. Меѓу добитниците на оваа награда е и Ц.Р.З. “ДРОМ” како Невладина Организација која што во својата десетгодишна работа даде голем придонес за напредокот на ромското население.