За Нас

Ц.Р.З. ”ДРОМ” е кратенка за слоганот Центар за ромска заедница “ДРОМ”. ДРОМ на ромски јазик значи пат, што за членовите на организацијата претставува пат на развој, реализирање на човековите права, демократија, едукација и интеграција.
Формирање на Ц.Р.З. ”ДРОМ”
Ц.Р.З. ”ДРОМ” како невладина и непрофитна организација е формирана во 1997год. на иницијатива на млади ромски интелектуалци поттикнати од проблематиката на ромската популација што трае со векови. Првите контакти се направени со Институт Отворено Општество од Будимпешта – Унгарија, поконкретно со Ромската Регионална Програма со помош на ромскиот интелектуалец и активист Себастијан Куртиши од Рома Унион Грезленд – Германија. Соработката резултираше со подршка за формирање на Центар за ромска заедница “ДРОМ” со седиште во Куманово.

Наша визија
Генерален напредок на Ромите, подигната свест и интеграција во општеството преку нивно зајакнување и претставување како рамноправни граѓани во Р.Македонија и надвор од неа.

Реализација

Според програмата за работа на “ДРОМ” активностите се реализираат преку оддржување на конфeренции, семинари, трибини, симпозиуми, настапи на медиуми и јавни гласила, подготвување на публикации, формирање на едукативни центри и сл.

Проектните активности освен на официјални државни информации наменети за состојбата на Ромите исто така се темелат на сопствени истражувања и секојдневните директни контакти со целната група од областа на образованието, здравство, домување, вработување, економија, инфраструктура како и други области каде што се фокусирани проблемите на ромското население.

ЗА НАШИТЕ 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Центар за ромска заедница “ДРОМ” – Куманово е ромска НВО која е формирана 1997 год. во Куманово.
“ДРОМ” на ромски значи пат – пат кој изминатите 10 год. го трасиравме за подобро интегрирање на Ромите во сите аспекти на општественото живеење во Р.Македонија.
Почетоците на “ДРОМ” беа доста тешки но со голем ентузиазам на сите членови на “ДРОМ “ кои несебично се залагаа да се наметнат како релевантна НВО за остварување на своите цели и задачи со цел да бидеме препознатливи во заедницата каде што делуваме како на национално така и на меѓународно ниво.
Изминативе десет години работевме доста напорно со цел да помогнеме на Ромското население во сите свери на животот. Имаме реализирано голем број на проекти, програми,кампањи,трибини и симпозиуми.Членови сме во повеќе мрежи и имаме постигнато многубрајни резултати што и всушност ја претставуваат постојаната активна работа на нашата ораганизација.
Со прогласување на периодот Декада на Инклузија на Ромите 2005 – 2015 Ц.Р.З.”ДРОМ” активно започна да работи на сите области од Декадата: образование, здравство, домување и вработување што покажуваат и наведените реализирани проекти.постигнавме многу резултати и се залагавме за делумно остварување на визијата кон која се стреми организацијата.
За активностите на Ц.Р.З.”ДРОМ” говорат и многуте пофалници, награди и благодарници кои ги имаме добиено во текот на досегашната работа.Значајно е и да се напомене дека сите овие години имавме одлична соработка со претставници од институции, Локалната Самоуправа како и невладиниот сектор.
Оваа можност ја користам да ги поздрав и да им се заблагодарам на сите досегашни донатори и соработници без кои организацијата не би можела да ги оствари своите цели и да кажам дела и во иднина Ц.Р.З.”ДРОМ” ќе продолжи да работи со досегашното темпо, но се надевам со уште поголеми резултати.

Извршен директор – Ахмет Јашаревски